Нуров со двојна шанса за медал на ЕП во Романија, во полуфиналето против големиот Садулаев

Могамедгаџи Нуров (-97 кг) обезбеди двојна шанса за медал за Македонија од  Европското првенство во борење слободен стил во Букурешт, Романија. со пласманот во полуфиналето каде што го чека големиот Абдулрашид Садулаев од Русија. Садулаев е фаворит во оваа борба, но на нашиот борач му преостанува борбата за бронзениот медал.

Нуров во првата борба го победи Италијанецот Симоне Ијанатони со технички-туш (11-0), а во четвртфиналето беше подобар од Мураз Мчедлизе од Украина кого го совлада со 5-4 на поени.

Абдулрашид Садулаев од Русија последната меѓусебна борба ја доби со технички-туш односно 11-0.

Во првата рунда порази претрпеа, Владимир Егоров (-57 кг) загуби од Русинот Муслим Садулаев со 5-2, како и Фати Вјесели кој беше поразен во квалификациите во категоријата  -65 килограми, од Унгарецот, Јожеф Молнар со 5-4.

Егоров може да се надева на репасаж и да се вклучи во борбата за бронзениот медал, бидејќи неговиот противник е полуфиналето, само Садулаев треба да влезе во финална борба.

На шампионатот ќе настапи и Елмедин Сејфулаху во категоријата  -61 килограми.

Резултати
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Симоне Ијанатони (Италија) 11-0 (ТТ)
Могамедгаџи Нуров – Мураз Мчедлизе (Украина) 5-4
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија)

-57 кг
Владимир Егоров – Муслим Садулаев (Русија) 2-5

-65 кг
Фати Вјесели – Јожеф Молнар (Унгарија) 4-5.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО