Конор си го бара: Мек Грегор претепал чоцвек во бар во Даблин

Конор Мек Грегор во последно време се почесто е во медиумите.

Мек Грегор неодамна објави дека се пензионира, па за девет дена се предомисли и објави дека не е пензиониран, а актуелен е и со провокациите спрема Хабиб Нурмагомедов.

Сега во центарот на вниманието е со на нов скандал.

Мек Грегор деновиве е во Ирска, а и во татковината не помина без скандал. Ирската полицијата отворила истрага поради тепачка во кафуле која ја предизвикал Конор.

Сведоци на настанот изјавиле дека Мек Грегор бил во кафулето со своите пријатели и предизвикал тепачка во раните утрински часови. Според информациите, нокаутирал еден од гостите откако претходно имале вербална расправија.

Како што пишуваат ирските меидуми, Мекгрегор ја започнал вербалната „војна“, а потоа со тупаници тргнал да го реши проблемот со човекот кој му се спротивставил.

Потоа Конор со пријателите го напуштил локалот, а човекот кој бил нападнат одлучил да повика полиција и да го пријави Мек Грегор. Сведоците тврдат виновен за целата ситуација е Конор.

Ќе потсетиме пред некое време, Конор одзема и скрши телефон на негов фан кој сакал да го фотографира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО