Весели и Радичевска ги завршија настапите на СП

Со Фаик Весли и Сара Радичевска заврши денешниот натпреварувачи ден на Светското карате првенство во Дубаи, ОАЕ. Весели ја доби првата борба, а во втората  беше поразен, додека мечот на Сара Радичевска заврши 0-0. Немаме информации дали мечот е изгубен на изјаснување или, пак, служебно, односно дали го поминала ковид-тестот.

Преостануваат настапите на Пуликсенија Јованоска и Александар Нелековски во кати.

Да потсетиме дека  денеска Емил Павлов го оствари најголемиот резултат во историјата на македонското карате во независна Македонија пласирајќи се во финалето на категоријата до 67 килограми. Павлов во финалето во сабота ќе се бори со Французинот Стивен Дакоста.

На СП ќе настапат 1054 натпреварувачи од 117 држави.

Резултати Светско првенство:
мажи
-60 кг
Фаик Весели – Алекс Џинеста (САД) 3-0
Фаик Весели – Карим Ета Абу (Египет) 1-6

-67 кг
Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција)

жени
-50 кг
Сара Радичевска – Јуна Цуки (Филипини) 0-0

-55 кг
Јована Георгиева – Видад Драу (Алжир) 3-0
Јована Георгиева – Севинч Рахимова (Узбекистан) 1-11

-61 кг Вероника Костовска – Жаклин Фактос (Еквадор) 0-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО