Садулаев на Гранд при Москва ќе се бори на против Нуров

Двократниот олимписки шампион во борење Абдулрашид Садулаев е уште едно име за кое организаторите на Гранд при Москва открија дека ќе учествува на натпреварот.

Организаторите откриваат дека за Големата награда на Москва во категоријата до 98 килограми слободен стил ќе се бори и со македонскиот репрезентативец Магомедгаџи Нуров, освојувач на бронзениот медал од Светското првенство во Казахстан.

Нуров се натпреварува за Македонија, но е родум од Дагестан.

Затоа борците многу добро се познаваат. Тие двајца дури израснале во истиот регион на Дагестан.

За двократниот олимписки шампион Абдулрашид Садулаев ова ќе биде прво појавување на душекот по Светското првенство во борење во октомври во Осло.

Борбите во Москва ќе се одржат на 3 декември, а организаторите ветуваат борби на олимписко ниво.

Веќе е познато дека двократниот олимписки шампион Роман Власов и светскиот шампион Виктор Немеш ќе се натпреваруваат во грчко-римски стил во категоријата до 77 килограми. Кај најтешките ќе учествуваат Русите Сергеј Семенов и Риза Кајапл од Турција, како и светските шампиони Сергеј Емелин и Виктор Чобану од Молдавија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО