ВБЦ нареди преговори за борба Златичанин-Линарес

zlaticanin-udira

ВБЦ презеде некои чекори за да се расчисти комплицирана ситуација во нејзината лесна категоирја.

Светскиот боксерски совет наредил почеток на преговорите за борбата помеѓу актуелниот шампион Дејан Златичанин и Хорхе Линарес.

Боксерот од Венецуела требаше да го брани насловот на ВБЦ против Златичанин, но тој ја откажа борбата поради повреда. ВБЦ го стави во позиција „шампион во мирување“, што значи дека по закрепнувањето од повредата може веднаш да се бори за појасот. Во меѓувреме, Црногорецот ја освои испразнетата титула.

Линарес по закрепнување одлучи не се обиде да си ја врати ВБЦ титулата, туку ја освои појасот на ВБА против Ентони Крола. Во таа борба повторно ја повреди десната рака и нема да биде во можност да се бори за некое време. Иисто така договори реванш со Крол што го доведува во прашање мечот со Златичанин, на кого ВБЦ му дозволи доброволна одбрана на светската титула во лесна категорија. Неговиот следен противник треба да биде Мики Гарсија.

Покрај тоа, Петар Петров со прекин во шестата рунда го совлада Мајкл Перез во борбата за задолжителен предезвикувач во ВБА федерацијата и се избори за меч со Линарес, што дополнително ја компилицираше ситуацијата.

Петров во 2013 година беше поразен од Златичанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО