Брилијантен нокаут на Марко Аврамовски (ВИДЕО)

marko-avramovski-vistinska

Покрај тоа што нашиот репрезентативец Марко Аврамовски го освои бронзениот медал на неодмана завршеното Балканско првенство во Дупница- Бугарија, тој ја доби борбата со бугарскиот репрезентативец со атрактивен нокаут.

Инаку Марко од страна на МТФ минатата сезона беше прогласен за најдобар кадет според освеоните бодови, а четврти на листата во сите старосни категории.

Аврамовски минатата сезона освои шест златни медали од меѓународни натпревари, а на Европското првенство пред неколку бедели во Романија го сруши митот на губитници на нашите репрезентативци победувајќи во првото коло.

Погледнете го нокаутот на Аврамовски,  како што ќе речат тренерите „многу убав тактички и зрел нокаут“, нешто што му дава посебен шмек на таеквондото.

https://youtu.be/l-cQfwUdIzA

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО