АИБА ги суспендира сите суди од Олимписките игри во Рио

tiscenko-pobednik-so-levit

Светската боксерска федерација АИБА ги суспендира сите судии од Олимписките игри во Рио додека трае истрагата.

Високото тело на аматерскиот бокс на седницата во Лозана ја укина судиската програма „пет ѕвездички“ и комисјата за жреб.

И оваа Олимпијада ја пратеа низа на лоши и катастрофални одлуки што кулминираше со доделување на златен медали на Евгениј Тишченко во финалето во тешка категорија против Василиј Левит. Во текот на олимписки турнир дел од судиите беа заменети, а извршниот директор на АИБА Карим Бузид беше разрешен од својата позиција.

Одлуката значи дека ниту еден од 36 судии во Рио нема да биде во можност да суди бокс натпревари до крајот на истрагата.

Од АИБА доаѓа и веста дека ќе ја напушти судиската програма „пет ѕвездички“, а ќе ја распушти и Комисијата за жребување – трипартитното тело кое одлучува кој која борба ќе ја суди до крајот. АИБА предложила тоа да се прави автоматски од страна на Свис Тиминг.

AIBA одлучи дека натпреварите од сега ќе ги бодуваат пет судии. Претходно се избрани тројца од петмина за да го одлучат победникот.

Мечевите и понатму ќе се бодуваат 10 поинт маст системот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО