Вардар со седум први места на Меѓународниот турнир „Бојан Рангелов“ (ФОТО)

Во чест на вардаровата легенда, односно основач, се одржа првиот Меѓународен турнир во борење во слободен стил, грчко-римски и женско борење „Бојан Рангелов“ во Босилеград, Србија, настапија 70 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и од скандинавските земји во детска и кадетска конкуренција. Босилеград е родниот град на Бојан Ранеглов.

Вардар освои седум први места во трите стила и беше еден од најуспешните клубови на турнирот.

На турнирот настапија екипите од Србија: Црвена Звезда, Раднички и Жандармерија , од Бугарија „Васил и Георги Илиев“ , од Македонија „Вардар“ и домаќинот „Бојан Рангелов“.

Како израз на благодарност и понатамошна соработка великанот Бојан Рангелов на тренерите на екипите Валентин Рајчев („В.Г.Илиев“ – Ќустендил), Игор Неделковски (Вардар), Далибор Перовиќ (Црвена Звезда), Младен Кецман (Раднички) и Стојчо Иванов („Бојан Рангелов“) им врачи медали.

Организатор и покровител на турнирот потпретседателот на Вардар Александар Рангелов, со фирмата Пешко инжинеринг.

Турнирот му даде поголема живост на градот, бидејќи во тек беше и меѓународен фолклорен фестивал.

Победници по категории:

Слободен стил
-35 кг Марко Чивачки (Вардар)
-42 кг Матеј Неделковски (Вардар)
-46 кг Марио Савевски (Вардар)
-50 кг Валентин Асенов (Б.Рангелов)
-54 кг Дејан Асенов (Б.Рангелов)
-58 кг Адријан Руменов (Ќустендил)
-63 кг Ангелов Дејан (Ќустендил)
-69 кг Кристијан Славевски (Вардар)
-76 кг Марио Стојанов (Ќустендил)
-85 кг Никола Јотов (Ќустендил)

Женско борење
-35 кг Ивона Кецман (Раднички)
-38 кг Нина Славевска(Вардар)
-43 кг Анелија Атанасова (Б.Рангелов)
-46 кг Ралица Барутчиска (Ќустендил)
-49 кг Иванка Барутчиска (Ќустендил)
-52 кг Моника Барутчиска (Ќустендил)
-56 кг Марија Неделковска (Вардар)
-60 кг Шемса Тодоровиќ (Ц.Звезда)
65 кг Катерина Гешеча (Раднички)

Грчко-римски стил
-35 кг Елвис Тодоровиќ (Ц.Звезда)
-42 кг Милош Перовиќ ( Ц.Звезда)
-46 кг Вук Пајиќ (Жандармерија)
-50 кг Жељко Стојковиќ ( Ц.Звезда)
-54 кг Немања Павлица (Раднички)
-58 кг Адријан Руменов (Ќустендил)
-63 кг Јован Павлица (Ц.Звезда)
-69 кг Кристијан Савевски (Вардар)
-76 кг Марио Стојанов (Ќустендил)
-85 кг Марко Перовиќ (Ц.Звезда)
Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО