Сенсеи Зоран Пејов одржа седумдневен семинар во Охрид (ФОТО)

Сенсеи Зоран Пејов, носител на мајсторски појас 5-ти дан, летово го одржа и вториот карате семинар кое траеше седум дена, но овој пат во Охрид, во склоп на ЈКС Македонија на Интернационалниот штокан камп.

Да потсетиме дека на 22 јуни во КРА Нико одржа семинар посветен на самоодбранбените техники.

Во Охрид работеше борбени техники со 40-тина млади каратисти, а јадрото го сочнуваа надежите на Крате центар Пејов. Пејов покажа голем број на техники кои ги применувал во текот на натпреварувачката кариера, но и она што го научил на бројните семинари ширум светот и во Македонија како од: Масао Кагава, Кеиго Абе, Хитоши Касуја, Џери Бриз, Назим Куртовиќ, Велибор Димитријевиќ, Так Кубота, Таиџи Казе и други.

Во делот на ката техниките семинарот го водеше сенсеи Живко Дракуловски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО