Кормиер заработи милион долари за борбата со Џонс

Даниел Кормиер заработи најмногу на УФЦ 214 во Анхајм.

Поранешниот шампион во полутешка категорија за реванш со Џон Џонс доби еден милион долари.

Според документите на Спортската комисија на Калифорнија (CSAC) Кормиер официјално нема да добиет пари за настапот, туку од продажбата на плати-па-гледај.

Со ова се приклучува на другите борци на УФЦ: Конор Мек Грегор, Ронда Русеј, Брок Леснар и Нејт Дијаз кои ја надмина заработката од еден милион американски долари за една борба.

Џонс заработи 500.000 долари, а и него најверојатно го чека дел од ПП(Г)В. Заработи дополнителни 50.000 долари за изведба на вечерта. Истата награда му беше доделена и на Волкан Оездемир за брзиот нокаут против Џими Манува (120,000), а за борбата со Англичанецот е платен 110.000 долари.

Брајан Ортега и Ренато Карнеиро – Моикано добија по 50.000 долари за борба на вечерта во која Ортега победи со гилотина во третата рунда.

Тајрон Вудли заработи 500.000 долари за одбраната на титулата против Маја, додека бразилскиот ветеран доби 110, 000.

Новиот шампионка Крис Киборг покрај појасот и доби 200.000 долари за настапот против Тоња Евингер (100.000).

Роби Лоулер доби 300.000 за пресметката со Доналд Кероне, а Каубојот заработи 155.000.

https://youtu.be/O_luSO961XA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО