Јубенк Јр. ќе тренира со Мејведер за Мек Грегор

Крис Јубенк Јуниор (25-1, 19 КО) објави дека патува во Вегас за да тренира со Флојд Мејведер (49-0, 26 КО).

40-годишниот Американец се враќа во рингот на 26 август против шампионот на УФЦ во лесна категорија Конор Мек Грегор. Мејведер во повеќе наврати изјави дека ова навистина ќе му биде последната борба.

Јубенк во последната борба убедливо го победи на Артур Абрахам и се избори за настап на турнирот во Светската боксерска супер серија во супер средна категорија. ИБО шампионот во четвртфиналето ќе се бори со непоразениот Авни Јилдирим.

„Летам за Лас Вегас за да тренира со тимот на Мани за Мејведер – Мек Грегор на 26 август. Убаво е да се биде дел од последниот тренинг камп во неговата кариера“, објави Англичанецот.

Јубенк помладиот минатата година во Вегас тренираше со татко му на Флојд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО