Вардар ја мерка Олимпијадата во Рио 2016!

вардар борење 2

По 15 дневните базични подготовки, нашите олимписки надежи ќе ги продолжат подготовките во ЦОП- Макхачкала од понеделник 05 јануари 2015, под раководство на тренерот Гајдар Гајдаров, велат од БК Вардар.

Ќе се работи на ТТУ се до почетокот на првиот планиран настап на Првиот гранд при во Париз, каде што ќе настапат во двата стила, слободен и грчко-римски!

На силниот Гранд при ќе ја провериме подготвеноста на нашите млади надежи во сениорска конкуренција со елитата на светското борење.

Доколку се појави разбирање од ФБСМ и поддршка од МОК, истакнуваат од Врадар, ќе се погрижиме натпреварувачката сезона 2015/16 да ги обезбедима долго очекуваните и посакувани олимписки норми!

Вардар борење

-Така што, доколку борачите покажат достојна и очекувана спортска форма, во двата стила, ќе може да не претставуваат по двајца натпреварувачи, се разбира, доколку се обезбедат средства – можеби списокот на претставниците може да се прошири! – изјави шефот на стручниот штаб на БК Вардар професор Љубиша Пешко.

-Спрема планот и програмата на натпреварување на ФБСМ, се надеваме дека нема да има некои непредвидени отстапки. Се надеваме дека на изборниот шампионат на 15 февруари, БК Вардар ќе настапи консолидирано и успешно – додаде координаторот на Вардар д-р Страшо Глигоров.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО