Анастасија Матеска: Се надевам дека ќе настапам на Европското првенство!

Анастасија Матеска

Анастасија Матеска на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Софија, Бугарија, го освои златниот медал во кати поединечно во кадетска конкуренција. Сега е пред нов предизвик, да патува на Европското првенство во Швајцарија од 6 до 8 февруари и да ги покаже своите квалитети. Но, има едно ама, а тоа е поради големата конкуренција во нашата репрезентација изборот се уште не е направен.

Се надевам дека ќе настапувам и во Швајцарија. И доколку настапувам, ќе го извадам максимумот од мене, за да се качам на пиедесталот. Моите амбиции се да се закитам со европски, па и светски медал, и, секако, да ги повторувам досегашните успеси“, вели Анастасија.

Инаку, таа е родена во Прилеп, (1999 година). Карате тренира веќе осум години во „Ронин“ под раководство на тренерите Златко и Елизабета Димоски.
Покрај златниот медал од Балканското првенство, веќе од минатата година, има освоено уште три златни медали на Балканските првенства од 2011 до 2013 во екипно-ката тим и еден сребрен медал поединечно во 2012 година.

 

Анастасија Матеска на пиедестал

За настапите во поединечна конкуренција и чувството да се освои златен медал, за разлика од тимскиот настап таа е со став:Разликата меѓу поединечниот и тимскиот настап во кати е во тоа што во тимската работа трудот и маката е поделена подеднакво на три дела, додека во поединечниот настап се зависи само од мене. Се разбира многу е поразлично чувството да освоиш злато поединечно отколку тимски, заради тоа што и успехот се дели подеднакво на три дела во тимската работа, а во поединечната успехот е само мој.

Започнува да се натпреварува во 2008 година на државните првенства, на кои секоја година е на пиедесталот, а од 2011-2014 година е држвен првак. Освен на државните првенства има учествувано и на многу други натпревари, кои и служеле за собирање искуство и тренинг за да стигне на нивото кое го има денес.
Со извонредно силна конкуренција, да стигнеш до врвот,да освоиш златен медал на балкаско првенсто е голем успех, ќе рече Матеска за освојувањето на златниот медал на Блаканското првенство во Софија.

Во исто време, матичниот тренер Златко Димоски и е тренер и во репрезентацијата на Македонија. Дали е тоа предност или мана?

Мојот тренер Златко Димоски е и селектор на репрезентацијата на Македонија, мислам дека тоа е предност. Моите тренери се најзаслужни за досегашниот успех. Тие се тренери како што секој би посакал, бидејќи целосно се посветени на нас.
Се разбира и училиштето ме поддржува во моите резултати како и моите другари
, кои секогаш радоста ја делат заедно со мене. Кога го освоив златниот медал на БП тие беа горди на мене.

Анастасија Матеска со тимот

Кога се определила да тренира карате за нејзините родители тоа не било својствено и мислеле дека тоа е машки спорт.

„Тие мислеа дека јас тоа нема да можам да го вежбам. Но, со време, како што моите успеси се редеа така растеше и мојата преголема желба за каретето, па така моите родители тоа го прифатија. Беа горди затоа што работите што ги правам се направени од се срце. Моите родители од секогаш биле со мене за се. Мислам дека и ќе останат со мене како и досега.
Дали ќе има трансфер во борби или ќе остане посветена само на катите?

Целосно сум посветена на катите и се додека правам резултати во кати не размислувам за борби.

 ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО