Вардар бара одговорност за лошите резултати на Светското првенство

Zubairov i vardarci vo ASM

Боречкиот клуб на Вардар повтроно се огласи преку страницата на „Вардар фанс„ и побара одговорност од луѓето кои раководеле со неправилните подготовки за Светското првенство во Лас Вегас, поради катастрофалните резултати (скорот до сега е три порази од три настапи, два со технички туш и едно не појавување на душек, Дејан Митров – 65 кг-н.з.).

„Очигледни се проблемите со несоодветните подготовки кои ги минале борачите од нашата земја“, пренесува „Вардар фанс“.

„Очигледно е дека проблемот е во врвот на самата Федерација за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и нејзиниот безмалку неодговорен и непрофесионален пристап кон ова големо натпреварување, кое носи/носеше шанса за пласман на Олимпијадата во Рио-2016“, истакнуваат од Вардар.

pesko i Zubairov na Sp

Понатаму, с енагласува дека уште на 18 јули овој клуб со официјален допис до ФБСМ, до УО, Стручниот совет и тренерот на репрезентацијата понудиле предлог за подготовките, кој требало да биде прифатен од челниците на Федерацијата.

„Очигледно, неприфаќањето на истиот донесе само штета за македонското борење на најголемиот собир годинава во овој спорт“, констатираат од Вардар.

Вардарци наведуваат во барањето дека нивните борачи ги одржале висинските подготовки од 6-17 јули и очекувале органите на ФБСМ и самата Федерација да најдат време и место да ги одработат преостанатите две фази за подобрување на психо-физичката и техничко-тактичката подготвеност и со стручна работа да освојат олимимписка норма.

Уште тогаш Вардар понуди и стручна помош на репрезенацијата со својот признат стручен понтенцијал кој го поседува: проф. Љубиша Пешко, проф. д-р Страшо Глигоров и главниот тренер на Дагестан и асс.тренер Гајдар Гајдаров.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО