Владимир Кличко: Не пропуштајте го јавното лекување на Фјури

klicko sam so pojasi

Светскиот шампион тешка категорија на четири федерации, Владимир Кличко, истакна дека ќе го проучи стилот на својот иден ривал, Тајсон Фјури од Велика Британија.

Средбата Владимир Кличко – Тајсон Фјури е на 24 октомври во Дизелдорф (Германија).

„Сега повторно тренирам. Кампот ми започна пред неколку дена. Јас ќе се подготвам добро, ќе го проучам стилот на Фјури. Борбата со него ќе биде сериозен тест. Тој поставува многу прашања, па, не пропуштајте го неговото јавно лекување“, напиша Владимир Кличко во својата страница на социјалната мрежа Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО