Вајт: Поштено победив

Дилиен Вајт се огласи откако беше обајвено дека е позитивен на допинг-тестот за борбата со Окар Ривас.

31-годишниот Јамајкаанец со британско државјанство го победи Колумбиецот во Лондон со едногласна одлука на судиите и ја освои титулата привремен шампион во тешка категорија на ВБЦ и со тоа стана задолжителен предизвикувач на актуелниот шампион Дионтеј Вајлдер.

„Боди снечер“ беше позитивен на два метаболити стероиди  Дианабола-епиметандиен и хидроксиметанденион. Ова му е втор пат во кариерата да е позитивен на допинг-тестот.

Промоторот на Вајт, Еди Херн, рече дека боксерите добиле дозвола од надлежното тело за британскиот бокс и дека настанот се одржал според планот.

„Толку сум разочаран од глупостите кои беа кажани во последните неколку дена за мене. Имам адвокати кои се занимаваат со ова и ми кажаа дека од правни причини не можам да зборувам за ова. Добив лиценца за борба и поштено победив. Ви благодарам на поддршката“, објави Вајт на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО