Хабиб: Не сум 50-годишник, за да ми снемува мотивација

Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мек Грегор во последната борба во октомври минатата година, а со тоа ја одбрани и титулата во лесна категорија. Хабиб стекна голема слава и пари по овој меч, а многумина се прашуваа дали тој ќе ја има истата мотивација како порано. За малку повеќе од еден месец, Хабиб ќе ја брани титулата против привремениот шампион Дастин Пориер на УФЦ 242 во Абу Даби. За прв пат по многу години, неговиот татко ќе биде во неговиот агол и ова ќе биде дополнителна напнатост за него.

Хабиб во интервју зборуваше токму за претстојната битка и мотивација.

„Не е важно дали ќе се напаѓаме, за  да се мотивираме за борбата. Мотивацијата може да потекнува од самиот спорт и ја имам. Кога ќе влезете во кафезот и ќе се натпреварувате против противник, не е важно дали е во кафез, сала, бидејќи мотивацијата секогаш постои. Сè уште ја имам мотивацијата. Не сум 50-годишник и да ми недостига мотивација. Ќе видите дали ја имам или ја немам во септември. Не го потценувам, затоа што тој е добар противник и е многу добар борец. Негова е привремената титула и немам проблем со мотивацијата.

Останува малку време до битката, а најважно е да се биде во форма за 25-минутна пресметка. Јас ќе бидам малку расеан, бидејќи тоа е она што се случува кога имате роднини и пријатели за време на битката. Се надевам дека ќе ми дадат позитивна енергија пред средбата. Ги сфаќам работите многу сериозно, бидејќи со пораз ќе изгубам сè за што работев. Никој не знае што ќе се случи на 7 септември во кафезот. Ќе ги правам вистинските работи, но резултатот зависи од Севишниот“.

https://www.instagram.com/p/B0ZUnzVIfmr/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО