Екс-затвореникот Максим Новоселов покажа завидна техника со секири

46-годишниот поранешен затвореник Максим Новоселов е редок талент. Тој е познат по своите вештини во кафезот и надвор. Новоселов има 9-2-1 скор во ММА и на крајот од минатиот месец во првата рунда го нокаутираше Александар Алексиќ. Макс е во серија од осум последователни победи и нема пораз 11 години.

Пред неколку недели успеа да се справи со тројца за помалку од една минута.

Максим беше во затвор. Во 1993 година е осуден на 14 години затвор по обвинение за убиство. Додека е во затвор, тој учествува во подземни битки. Во 2012 година, спортистот добил уште три ипол години затвор за учествуво во бизнис со дрога.

Погледнете што може да направи со секири:

https://www.instagram.com/p/B0YNMkYo7SX/?utm_source=ig_embed

Следната битка на Новоселов е на 12 октомври во Москва на настан на руската организација ФНГ. Тој ќе се бори против Дмитриј Смолјаков, кој пред неколку месеци беше избркан од УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО