Рико Верховен: Бадр Хари е преценет борец со лажна статистика

Рико Вероевен по вторпат ќе влезе во рингот со Бад Хари на GLORY Collision 2, кој ќе се одржи на 21 декември во Арнем на стадионот Гелре Доме. Рико е во серија од 11 последователни победи, а во последниот меч ја одбрани титулата со одлука на судиите против Гуто Иносенте во септември минатата година. Верховен има скор (55-10) и само 16 од нив се нокаут. Навивачите се повеќе импресионирани од статистиката на Хари, која е (106-13-2-1) и има 92 нокаут победи.

Верховен беше гостин на подкастот на Џо Роган и одлучи да зборува за претстојната битка со Хари и рече дека мисли оти е преценет борец со лажна статистика.

„Бев шампион и ги поразив сите. Тогаш луѓето почнаа да зборуваат дека сум добар, но не бев со Бадр Хари. Потоа им реков дека сум подготвен за него, ако сака. Хари имаше многу проблеми со законот, но битката се случи, бидејќи навивачите ја сакаа. За мене тоа беше уште една битка која заврши на овој начин, но сега пак ќе го направиме тоа. Да, Бадр е луд. Втората битка меѓу нас беше одложена, бидејќи имаше многу работи што се случуваа. Тој се бореше со Хеси Гергес, а потоа и двајцата паднаа на допинг тестот. И двајцата беа казнети, а казната на Хари истекува во декември.

Да, тој тренира добро и е во добра форма, но има многу кои изгледаат добро на социјалните мрежи, но во живо е поинаку. Сакам да го подигнам кикбоксот на повисоко ниво. Мислам дека по битката со Хари работите експлодираа и станав национален херој. Имаше многу проблеми и беше губитник на земјата, а јас бев доброто момче. Тоа беше совршен судир и победив.

Имам сомнежи за таа повреда, која ја доби. Првот ја погледна едната рака, а потоа другата. За мене тоа беше лага. Хари се обидува да создаде лажни работи. Кога го претставуваат, велат Бадр Хари со 100 и нешто битки, а 90 и нешто нокаути. Кога се борам со некој противник, јас сум опседнат со него и сакам да знам сè за него. Денес можете да најдете сè на интернет. Отворам Википедија и ги гледам статистиките од пред неколку години, а тоа е околу 60-70 борби, каде се останатите?

Дали тоа значи дека во неговите статистики во младите години има 40 и нешто, ги победува и ги урива сите? Сето ова е чудно, бидејќи овие работи се документирани. Мислам дека неговата статистика е вештачки надувана. Да, Хари има страотна статистика, но таа е толку неверојатна, колку што не можат да замислат другите. Ја гледам оваа статистика и не гледам кај се тие над 100 борби“, вели Хари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО