Вајт одговори на избришаните пораки на Џошуа: Биди маж!

Тешкашот Дилиен Вајт одговори на изјавата на Ентони Џошуа за нивниот потенцијален реванш, повикувајќи го својот сонародник да се бори и да престане да зборува глупости.

Имено, мечот меѓу Џошуа и Вајт беше најавен за 12 август во лондонската О2 арена, а тоа го потврди и промоторот Еди Херн.

Тоа е борба за која се шпекулира подолго време и изгледа како логичен чекор за двајцата кои го победија истиот противник во нивната последна борба, Џермејн Френклин.

И додека Херн изјави дека се водат преговори за меч меѓу Џошуа и Вајт, Еј Џеј на социјалните мрежи објави дека „ништо, ништо од преговорите за таа борба“.

И се чини дека Бодиснечер е многу запален за тој меч и желен да му врати на Џошуа за поразот со нокаут во декември 2015 година.

„Што велиш на тоа да престанеш да плачеш и да дојдеш да се бориш, секогаш зборуваш глупости и објавуваш секакви работи и потоа ги бришеш. Биди маж!“, изјави Дилиен Вајт.

Очигледно, Вајт е прилично лут на потезите на Џошуа во изминатите неколку недели.

Џошуа се врати во април по двата порази од Александар Усик со победата против Џермејн Френклин, а Вајт го нарече неговиот триумф како шега со оглед на тоа што Бодиснечер го победи Американецот во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО