Публиката во салата на Ковалев-Канело гледаше УФЦ 244

Дана Вајт кажува дека не можел да поверува кога за време на УФЦ 244 добил повик од претставникот на МГМ Гранд.

Додека во „лулката на боксот“ њујоршкиот Медисон сквер гарден се одржуваше УФЦ 244 од другата страна на САД во МГМ гранд во Лас Вегас беше мечот меѓу Канело и. Ковалев.

Настанот беше организиран од промоцијата Голден бој на Канело, однсоно промоторот Оскар де ла Хоја.

УФЦ има договор со ЕСПН +, а ДАЗН има договор со неговиот главен конкурент на УФЦ, Белатор.

ДАЗН реши да го чека крајот на борбата помеѓу Нејт Дијаз и Хорхе Масвидал и да не се натпреварува директно со УФЦ.

Публиката во МГМ веќе се нервираше поради долгото чекање, а за време на борбата меѓу Дарен Тил и Келвин Гастелум Вајт доби повик од МГМ, барајќи од публиката да ја види борбата помеѓу Масвидал и Дијаз.

Претседателот на УФЦ со раширени раце ја прифати приликата својот настан да го промовирапред фановите на боксот.

„И така ние си седиме и се јавуваат од МГМ и велат:„Вие сте на половина од поднасловната борба, луѓето тука лудуваат. Можеме ли да ја прикажеме борбата на Дијаз во МГМ? “, рече Вајт по УФЦ 244.

„Помислев: Ова е лудо. Ова станува лудо од минута во минута. Сонував дека ова може да се случи и секако им реков да“.

Вајт додаде и дека веќе го предупредил Де ла Хоја да не го одржува настанот истиот ден како УФЦ 244.

„Не ја прикажуваат мојата главна борба на нивниот настан затоа што некој ќе победи или изгуби, тоа е многу поголемо од тоа“.

https://twitter.com/BCampbellCBS/status/1190848311575474177?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fzritelite-na-kovalyov-vs-alvarez-gledaha-ufc-244-v-zalata

„Знаете дека го мразам Оскар де ла Хоја. Тој е ѓубре, змија. Му реков да не одржува настан на тој датум. Го направи она што го сакаше и тука сме каде што сме. Го почитувам Канело и сите други момци во боксот. Го решивме тоа на начин да можат навивачите да ги видат двете борби“.

„Тој нема ништо со тоа. Мислите ли дека тој идиот го сторил тоа? Нема никаква врска со тоа. Тоа е дело на многу попаметни луѓе околу него, а не на тој морон. Тој е шупак. Како можам да докажам колку е тој тип шупак и колку е заебан“.

 „До оваа борба му помагав во сè што работеше, ги промовирав неговите борби, објавував на социјалните мрежи дека ќе ги гледам. Потоа ја организираме борбата меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер, а тој ги повикува луѓето да не ја гледаат. Кој го прави тоа? И згора на тоа, вели дека тоа е срам за боксот. Потоа зборува дека би се борел против Мек Грегор. Тој е змија и генерално злобна личност. И освен тоа е навистина ебено чуден “.

Гостин на УФЦ 244 беше и американскиот претседател Доналд Трамп кој има долга историја со организирање на боксерски и ММА настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО