Синот на Ивандер Холифилд во профи дебито славеше за 16 секунди (ВИДЕО)

Синот на легендарниот Ивандер Холифилд го направи професионалното деби во воведниот дел на Канело – Ковалев во Лас Вегас.

22-годишниот Еван ја заврши својата прва борба за само 16 секунди. Го рушеше една година помладиот Ник Винстед (0-2) за само 12 секунди, а судијата наскоро го прекина мечот, не му дозволи на неговиот противник да продолжи, што предизвика незадоволството кај Винстед.

Промотор на Холифилд е Меин Ивентс кој му помогнаа на неговиот татко да направи одлична кариера.

Евандер од гледалиштето ја следеше првата професионална борба на неговиот син.

21-годишниот Рајан Гарсија (19-0, 16 КО) во првата рунда го нокаутира Филипинецот Ромеро Дан (21-2, 16 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО