Масвидал: Сакам да му ја разбијам фацата на Канело

По убедливата победа против Нејт Дијаз, Хорхе Масвидал посакува дуел со боксерската суперѕвезда Канело.

34-годишниот „Гембред“ пружи сјајна изведба на „Меката на боксот“ во Медисон сквер гарден во Њујорк и со прекин по третата рунда го победи помладиот брат Дијаз.

Претседателот на УФЦ Дана Вајт не размислува веднаш да направат реванш, а ѕвездата на УФЦ би сакала да го покаже својот талент во боксерскиот ринг.

Со оглед на тоа што навивачите во Лас Вегас го гледаа мечот на Масвидал со Дијаз, додека го чекаа почетокот на борбата Канело-Сергеј Ковалев, ММА борецот верува дека создал совршено сценарио за боксерскиот меч со мексиканската ѕвезда.

„Знам како да боксирам и сакам да му  ја разбијам фацата на Канело. Знам да боксирам, да се движам, да работам од различни агли и сакам да се борам со него. Можеби е тоа знак што и двајцата се боревме истиот ден. Сакам прилика да влезам во рингот со него “, рече Масвидал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО