Брехелт со одлична изведба по шести пат ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Мигел Берхелт (37-1, 33 КО) со одличен настап во Карсон, Калифорнија, по шести пат ја одбрани титулата на ВБЦ во суперлесна категорија.

27-годишниот Мексиканец со прекин во четвртата рунда го победи Џејсон Соса (23-4-4, 16 КО) во четвртата рунда.

Брехелт е четири години постар од Порториканецот прв пат го собори со низа удари во втората рунда. Во четвртата направи уште подобар напад, а откако Соса успеа да се подигне од неговиот агол прекинаа борбата.

Во следната борба Мексиканецот сака да си ги одмери силите со непоразениот сонародник Оскар Валдез (26-0, 20 КО), кој се подигна од перолесна категорија и кој со победа против Андрес Гутиерез ќе стане задолжителен предизвикувач на Берхелт.

По двата последователни порази од Васил Ломаченко и Јуриоркис, Гамбое, Соса пред овој натпревар нанижа три победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО