Вајлдер: Сакам да го унаказам Фјури така што ниту мајка му нема да го познае

Поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (42-1-1) по судска пресуда го доби возвратниот меч против Тајсон Фјури (30-0-1). Нивниот трет боксерски меч ќе се одржи на 24 јули во Лас Вегас, а договорот ја одложи борбата за обединување на титулите меѓу Џошуа и Фјури која беше планирана за 14 август во Саудиска Арабија.

Бронзениот бомбардер се обиде да се реваншира минатата година, откако во февруари го загуби појасот против Кралот на Ромите со прекин во седмата рунда.

„Многу размислував за него со желба да го повредам. Сакам да го изобличам Фјури толку лошо што дури и неговата мајка нема да го препознае. Навистина сакам да го обезглавам“, изјави Дионтеј Вајлдер за 78SPORTSTV и продолжи:

„Сега кога имаме договорен датум и место на борбата, моите подготовки стануваат уште поинтензивни. Сега тоа значи нешто“.

Вајлдер и Фјури го имаа првиот судир во декември 2018 година, а борбата заврши нерешено. Бронзениот бомбардер го задржа појасот на ВБЦ во таа борба:

„Нема каде да трчаме и да се скриеме некаде. Сега тој мора прво да се бори со мене, а јас сум најдобриот удирач во историјата во тешка категорија. Така ќе биде и понатаму“, рече Дионтеј Вајлдер и додаде:

„Подготвен сум да ја вратам титулата“.

Американецот уште еднаш повтори дека имале договорена трета борба во договорот, а воопшто не му смета што пропадна долго договорната борба меѓу Фјури и Џошуа.

„Мора да се држиш до договорт, а Фјури даде збор. Не може само да го затворите поглавјето и да продолжите понатаму“, рече Вајлдер и заклучи:

„Го направи тоа како кукавица, затоа што се обиде да ме избегне“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON