Бадр Хари го почна тренинг кампот за Глори 78

Бадр Хари официјално го започна тренинг кампот за претстојната битка. 36-годишниот Мароканец ќе се бори против Аркадиуш Вжосек на Глори 78, што ќе се одржи на 17 јули во Ротердам. Бед бој/ Лошото момче е во тешка ситуација и победата е повеќе од неопходна во оваа битка.

Вжосек е 28-годишен Полјак со скор од 13-5 во кик-бокс и не е ривал од висока класа. Ако Хари не може да го победи, тогаш сè што може да стори е да се повлече од спортот.

Хари има скор од 106-15-1 во рингот и ќе ја бара својата прва победа во Глори. Тој е во серија од 3 последователни порази и нема победа веќе 6 години. Бадр загуби две битки од Рико Верховен поради повреди.

Легендата на Мароко последен пат загуби со нокаут од Бенџамин Адегбај кон крајот на 2020 година. На социјалните мрежи, Хари постојано покажува дека е во добра форма и објавува дека започнува тренинг камп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО