Мајк Тајсон: Сите мислеа дека сум луд, а тогаш дознав за тој неверојатен лек

Поранешниот светски шампион 54-годишниот Мајк Тајсон започнал да ја гради професионална кариера во средината на 1980-тите и веднаш го свртел вниманието кон себе. Своите први 19 професионални борби ги доби со нокаут, па дури и заврши на 12 од нив во првата рунда.

Првата титула на ВБЦ ја освои на 22 декември 1986 година, кога го победи Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда. Следната година ги освои титулите во ВБА и ИБФ со победи против Џејмс Смит и Тони Такер.

Тајсон продолжи да ги руши ривалита, а до крајот на кариерата победи во вкупно 50 натпревари од кои 44 завршија со нокаут, имаше шест порази, а два меча завршија во „без одлука“.

Во основа, неговите нокаути му создадоа имиџ на жестоко момче, тој стана многу популарен и многу интересен за медиумите. Проблемите со законот ја отежнуваа неговата кариера, која беше прошарана со подеми и падови.

Признава дека размислувал за самоубиство и најде излез од кризата во халуциногени, а исто така конзумираше и „магични печурки“. Сето ова Тајсон го потроши за да се врати во нормалниот живот.

Не сакав луѓето да ме паметат како чудовиште. А тогаш бев. Тој човек бил отровен и опасен за неговото семејство.

„Сите мислеа дека сум луд, му го одгризав увото на противникот“, рече Мајк Тајсон, присетувајќи се на мечот против Ивандер Холифилд во 1997 година кога беше дисквалификуван за тоа и продолжи:

„Направив сè, но мојот живот се промени кога почнав да земам „магични печурки“. Ужасно е да се каже, но бев на работ на самоубиство. Тој неверојатен лек го смени мојот живот“.

Легендата на боксот има искуство со разни халуциногени, а сега користи марихуана, која ја одгледува и самиот. Има голем бизнис со марихуана што му носи голема заработка.

„Не сакав луѓето да ме паметат како чудовиште. А тогаш бев. Тој човек бил отровен и опасен за неговото семејство. Јас воопшто не се грижев за нив, и тие беа сè за мене“, рече Мајк Тајсон и додаде:

„Знаев дека не можам да променам сè преку ноќ, но не жалам за ништо. Ги оставив дрогата, сексуалните испади и борбите зад себе, тоа е минато. Сега сакам да се посветам на моето семејство и благодарен сум што ми се укажа можност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО