Во една од објавите, Канело објави дека е во Хрватска, а се претпоставува дека го напуштил Дубровник на пат кон Црна Гора.

Алварез заработил околу 150 милиони долари во својата боксерска кариера, а само за неговата неодамнешна борба со Били Џо Сандерс, доби 25 милиони долари. Мексиканецот го потпиша најголемиот договор во историјата на овој спорт пред три години. ДАЗН вети дека ќе му плати 365 милиони долари за 11 борби, но Канело го раскина договорот во ноември минатата година, откако ДАЗН не ги исполнил условите.

Тој исто така ја прекина соработката со промотивната куќа Голден бој, чиј претседател е Оскар де ла Хоја.

Канело и ДАЗН постигнале договор и, иако не е познато колку му е исплатено на Мексиканецот, се претпоставува дека тој ќе добие од 250 до 300 милиони долари, колку што му должела компанијата.

Во својата професионална кариера во четири категории, Алварез досега има учествувано на 59 борби, од кои 56 победи со две ремија и само еден пораз. Ги нокаутира противниците дури 38 пати.