Македонија со седум каратисти на олимписките квалификации во Париз

Македонија ќе настапи со седум каратисти на престојните квалификации за Олимписките игри во Токио што ќе се одржат во Париз, Франција, од 11 до 13 јуни.

За Македонија ќе настапат: Емил Павлов (-67 кг), Петар Заборски (-75 кг), Берат Јакупи (+75 кг), Симона Заборска (-55 кг), Вероника Костовска (-61 кг) и Ангела Мојсовска (+61 кг) во борби и Пуликсенија Јованоска во кати.

Не помалку од 24 спортисти ќе заработат директни квалификации за Токио 2020. Најдобрите тројца спортисти на крајот од настанот во секоја од осумте категории ќе се пласираат на Олимписките игри.

Се очекува околу 800 спортисти од целиот свет да се натпреваруваат за олимписките квалификации во Париз.

Категории:

Женски кумите -55 кг, -61 кг, +61 кг

Машки кумите -67 кг, -75 кг, +75 кг

Машки и женски кати

Во составот на нашата земја е и делгација која ќе ја предводат претседателите на МОК и на Карате федерацијата на Македонија, Даниел Димевски и Горан Милковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО