Битолски „Паунд фор паунд“ освои пет медали на „Белград мастерс џиу џицу“, а тренерот – можевме уште

На „Белград мастерс џиу џицу турнирот“ што се одржа вчера Паунд фор пунд од Битола освои 5 медали – 3 златени и 2 сребрени со 6 натпреварувачи од кои 5 се сениори и 1 кадетка. Тие имаа 14 победи и 5 порази на поени.

„Можевме и моравме уште подобро во некои борби, но што е тука е. Кога се работи истовремено на повеќе боречки спортови и се натпреварувате истовремено во повеќе боречки дисциплини епилогот е таков каков што е. За некои ваков резултат е успех. За нас, како школа која живее за ова, секако дека ќе прикажеме уште подобри перформанси и сигурни сме дека на овој турнир можевме и до 5 златни медали, а тоа ќе го докажеме на следни турнири. На турнирот имаше 500 натпреварувачи од Балканот. Конкуренцијата беше за почит“, вели тренерот Сашко Мирчевски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО