АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Голем успех на џиу џицу репрезентацијата на турнирот „Трофеј на Јахорина – Пале опен“

Повторно голем успех на џиу џицу репрезентацијата на турнирот „Трофеј на Јахорина – Пале опен“ што вчера се одржа во Јахорина, Босна и Херцеговина. Од 16 настапи освоени се вкупно 12 медали – 8 златни и 4 сребрени.

Медалите ги освоија::

Дамјан Белевски – злато, сребро борби и пехар за најдобар млад борец на турнирот
Ана Ацевска – злато борби
Антонио Трајковски – злато борби и злато БЏЏ
Данил Николиски – злато јуниори и злато сениори борби
Катерина Ацевска – сребро борби
Марко Панчевски – сребро БЏЏ
Нина Карева – сребро борби
Марија Треневска – злато борби и злато БЏЏ
Јован Николиски – 4-то место
Никола Коцев – 4-то место
Матеј Нофитов –  4-то место
Антонио Стојчески – 5-то место

„Ова беше и последен турнир за оваа полусезона. Во текот на овие 2 месеца не очекуваат два тренинг кампа и потоа повторно започнуваме со учество на други турнири“, велат од Македонската џиу џицу федерација.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON