
Од 5 до 6 јуни во хотелот Плаза во Тирана, Албанија, се одржа 78-мото Генерално изборно собрание на Европската боксерска унија (ЕБУ).
Про бокс Македонија учествуваше со двајца делегати, претседателката Весна Чатлеска и генералниот менаџер Дарко Чатлески, кои активно учествуваа во работата на Собранието,дискусиите и изборните процеси.

„Во рамките на Конгресот беа одржани избори за претседател и членови на управниот одбор на ЕБУ. За претседател беше реизбран Петер Штуцки од Швајцарија. Особено значење за земјите од Балканот е што за прв пат претстаник од Србија, Лена Зечевиќ е избрана за член на Управниот одбор.
Посебен акцент на состанокот беше ставен на медицинските прегледи, здравствената заштита и системот на суспензии, со цел дополнително унапредување на безбедносните стандарди на боксерите во професионалниот бокс.

Претставничката на Боксрец.цом, ја презентираше актуелната состојба и идните насоки за развој на светската боксерска база на податоци, при што беа разгледани можностите за понатамошно унапредување на системот и неговата примена во професионалниот бокс.

Во одделни работни разговори со претставничката на Боксрец.цом беа дефинирани условите за воспоставување на професионален појас за професионален шампион на Македонија, со цел дополнително зајакнување на системот на професионалниот бокс и создавање нови можности за домашните боксери“, вели Дарко Чателски.



