Вајлдер: Јас сум на сосема поинакво ниво од Ентони Џошуа

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (38-0, 37 KO), верува дека е на сосема поинакво ниво во споредба со носителот на појасот во верзија на ИБФ, Ентони Џошуа.

Бронзениот бомбардер смета дека искуството му е голема предност пред помладиот Џошуа кој на 29 април ќе се сретне со поранешниот владетел на категоријата Владимир Кличко.

„Дефинитивно чувствувам дека сум на сосема поинакво ниво од Џошуа. Одамна сум во овој спорт и веќе сум многу искусен. Сум го видел секој стил, кој треба да го видам – ​​сите важни стилови“, изјави Вајлдер.

„Сум ги видел и сум ги научил. Тоа ми овозможува да се адаптирам на рингот и да го направам она што можам. Дефинитивно, чувствувам дека сум на сосема поинакво ниво кога не споредуваат нас двајцата“.

Американецот потврди дека во иднина со радост би ги одмерил силите со Џошуа.

„Ако погледнеме во Џошуа, Кличко и Џозеф Паркер кој го има појасот во ВБО, повеќето луѓе би рекле дека мојот дуел со Џошуа би бил атрактивен за гледање. Јас сум склон да се согласам“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО