Бразилка ја натера шампионката Меккензи Дерн да се предаде (ВИДЕО)

Пред помалку од еден месец, откако ја забележа третата победа од три ММА меча, шампионката во бразилско џиу-џицу Меккензи Дерн се врати на татамито.

Таа учествуваше на турнирот „Rio Falls на IBJJF“ во Рио де Жанеиро, но работите не се одвиваа добро за неа.

Американката се соочи со трикратната светска шампонка Бија Месквита и претрпе пораз со сабмишн, што е прв во последниве години.

Поразот на Дерн дојде за помалку од две минути, бидејќи беше принудена да тапка. Бија Месквита се закити со златен медал во својата категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО