Усик: Сакам да се борам со Фјури за да му ја земам титулата!

Шампионот на ВБА Супер, ВБО, ИБО и ИБФ во тешка категорија Александар Усик сака борба со Тајсон Фјури.

Украинскиот боксер едвај чека да стане неприкосновен шампион и во тешка категорија. Сепак, патот до тоа оди преку Фјури, кој ја има титулата во ВБЦ. Во декември Фјури ќе направи трилогија со Дерек Чисора. Тајсон сакаше да се бори со Усик, но се откажа, бидејќи му требаше повеќе време да тренира.

Усик вели дека нема да се бори за време на постите. Тој би сакал нивната средба да биде во Украина, но речиси сигурно ќе биде во Саудиска Арабија.

„Мојот тим сега бара можност да разговара со Фјури. Тој е непредвидлив човек, се уште не е подготвен точно да каже кога битката може да се случи. Планирав да се борам можеби во февруари или почетокот на март.

Јас сум православен христијанин, не се борам за време на постите. Мора да биде или пред или после нив. Сакам да се борам со Фјури бидејќи сакам четврти појас. Нема потреба да се борам со некој друг додека не го добијам четвртиот појас.

Промоторите се обидуваат да откријат каде можат да заработат повеќе пари, но, јас би сакал да се борам во Украина. Не избирам место, па мислам дека на крајот тоа ќе биде Саудиска Арабија“, изјави Усик за Бокссцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО