Уапсен поранешен борец на УФЦ во Босна и Херцеговина

Поранешен борец во тешка категорија на УФЦ стана последниот кој беше приведен за време на масовните апсења во Босна и Херцеговина.

Во 2022 година десетици луѓе беа уапсени под обвиненија за трговија со дрога и оружје, до убиства и проституција во европската земја. Истрагата произлегува од употребата на мобилни уреди СКАЈ и АНОМ, со дешифрирана комуникација, што доведе до одлука на Обвинителството на БиХ да го отвори случајот.

Меѓу уапсените е и поранешниот тешкаш на УФЦ, Денис Стојниќ. ММА борецот живее во Сараево, главниот град на земјата, каде што поседува и ресторан. „Заканата“ двапати влезе во октагонот во 2009 година, губејќи ги двете борби.

Според „Сараево тајмс“, Стојниќ му бил кум на Елвис Кељменди, кој исто така беше уапсен на почетокот на годинава во врска со истрагата на СКАЈ. Стојниќ требаше да учествува минатата недела на Белатор Милан.

Тој требаше да се соочи со Олег Попов, но борбата пропадна поради Ковид-19. Во УФЦ Денис направи 2 борби во 2009 година во кои загуби од Каин Веласкез и Стефан Струве. Ова беа и неговите последни порази во ММА. До денес тој е во серија од 10 победи и има скор од 15-3-1 во ММА.

Во 2019 година Стојниќ се најде на насловните страници откако спречи напад на жена пред ноќен клуб во Сараево. Сега, сепак, The Menace е на погрешната страна на законот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО