Усик: Не е лесно да се победи Џошуа

Шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик (19-0) е уверен дека реваншот со Ентони Џошуа (26-2) нема да биде полесен од првата борба. Втората пресметка меѓу Усик и Џошуа ќе се одржи на 20 август во градот Џеда во Саудиска Арабија.

Во првата борба, Усик го победи Џошуа со едногласна одлука (117-112, 116-112, 115-113) на 25 септември 2021 година на стадионот Тотенхем во Лондон, Обединетото Кралство.

Усик ќе ги стави на линија своите појаси и статусот непоразен. Александар ќе се бори и за својата татковина која со месеци е цел на руска агресија. Ова ќе му даде дополнителен мотив, но сепак Усик го очекува тежок натпревар.

„Разликата меѓу оваа и последната борба ќе биде тоа што сега имам шампионски појаси. Но, шампионските појаси не прават да се чувствувам дека оваа борба ќе биде полесна.

Знам дека треба да си ја работам работата како што треба. Ова ќе биде тешка задача за мене. Сега сум потежок отколку во првата борба.

Не знам колкава ќе биде мојата тежина на денот на борбата“, изјави Усик за Скај спорт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. Cat. Aleksandr (@usykaa)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО