Рокхолд: Веласкез е во затвор, а педофилот е меѓу децата

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија, Лук Рокхолд (16-5) го поддржа Каин Веласкез (14-3) и ја повика јавноста да го стори истото и да се спротивстави на „корумпираниот систем“. Веласкез е во затвор од март оваа година.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија беше уапсен на 1 март во врска со обид за убиство. Американецот го гонел 43-годишниот Хари Јуџин Гуларте, кој блудничел со 4-годишниот син на борецот.

Веласкез неколку пати се појавуваше на суд и се изјасни за невин. Подготвен е да плати кауција еден милион долари, но 3 пати по ред му е одбиена, бидејќи бил опасен за јавноста.

Гуларте, пак, не отиде во затвор и останува во домашен притвор. Тој, исто така, тврди дека е невин и ги негира наводите за педофилија.

„Ми остануваат денови до борбата, а не можам да престанам да мислам на мојот брат Каин. Тешко е да се поверува дека се уште е зад решетки додека вистинскиот криминалец е слободен да се шета по улиците меѓу вашите деца. Мора да дејствуваме заедно против овој корумпиран систем за да направиме разлика.

Луѓето не размислуваат за тоа додека не им се случи. Одвојте време да погледнете мапа на сексуални престапници во вашата област. Алармантно е кога ќе сфатите колку од вашите деца секојдневно се изложени на овие криминалци“, напиша Рокхолд.

Рокхолд се враќа овој викенд за да се бори со Пауло Коста во Јута, САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО