Усик има изгледни шанси да се бори за титулата на ВБО

Светската боксерска федерација најави дека Александар Усик е еден од кандидатите за меч за титулата во оваа верзија, но за да остане во конкуренција тој ќе мора да има барем еден меч во тешка категорија.

Усик веќе го договори дуелот против Карлос Такам што ќе се одржи на 12 или 19  октомври во Чикаго и доколку успее да триумфира тој ќе има шанса во текот на 2020 година да се бори за титулата во ВБО.

Според најавите од ВБО, победникот од реваншот меѓу Анди Руиз и Ентони Џошуа во мај следната година ќе мора да ја брани титулата, а покрај Усик во конкуренција за тој меч е и Бугаринот, Кубрат Пулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО