Киборг: Дана Вајт ме злоставува

Крис Киборг успешно се врати на борилиштето минатиот викенд по губењето на појасот од Аманда Нунес.

Поранешната шампионка во перолесна категоријата со едногласна одлука ја победи претходно непоразената Канаѓанка Фелисија Спенсер.

Тоа беше нејзината последна борба со договор и не е сигурна што и носи иднината.

34-годишната Кристине Џастино никогаш не била доволно почитувана од раководството на УФЦ.

Со години како најдобра светска женска ММА воинка беше држена надвор од УФЦ, а претседателот на најголемата светска ММА промоција, Дана Вајт, во една прилика рече дека Киборг изгледа како Вандерлеј Силва во фустан.

После поразот од Нунес, Вајт изјави дека таа не сака реванш со шампионката во две категории, нешто што Киборг го негира.

„Сè се случува, УФЦ и јас имаме многу нерешени проблеми. Не се жалам за ништо, но не станува збор само за борба. Медиумите и луѓето не ги гледаат работите што се случуваат внатре и многу работи треба да се слложат, за да останам“, рече поранешната шампионка.

„Сите знаат дека не сум во најдобри односи со УФЦ. Не сум во најдобри односи со Дана Вајт. Тој ме злоставува наоколу, ме злостваува преку интернет. И затоа страдам насекаде. Никогаш не ми рече дека му е жал за тоа“.

„Тој вели дека се плашам од Аманда Нунес. Дека нема да се борам против неа. Тој лаже затоа што по борбата му испратив порака дека сакам реванш. Ова не помага за растот на мојот бренд. Сакам да растеме заедно. Морам да земам малку и да видам што е следно и што е подобро за мене“.

Киборг по победата се соочи со Вајт поради изјавите за реваншот со Нунес.

„Му реков: Зошто лажеш дека не го сакам реваншот. Тој одговори: Крис, не можеш да лутаза сè што ќе кажам во медиумите“.

„Не мора да го сакате својот шеф, но треба да имате взаемно почитување. Ова е неопходно за да се функционираат работите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО