Усик е подготвен да велзе во УФЦ

Официјалниот предизвикувач за титулата на ВБО во тешка категорија, Александар Усик зборува за тоа што ќе направи ако треба да го чека мечот меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури. Украинецот објави дека една од неговите можности е деби во ММА под знамето на УФЦ.

„Неодамна Дана Вајт ми напиша ако сакам да пробам во УФЦ, на што одговорив – испрати ми ги деталите, подготвена сум. Значи, имам многу опции. Нема да чекам година ипол“, рече Усик.

Претставниците на Џошуа и Фјури тврдат дека веќе имаат потпишано договори за борбата, но официјалното објавување на мечот за апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија се очекува во април.

34-годишниот Александар Усик последен пат влезе во рингот во октомври минатата година, со едногласна одлука го победи Британецот Дерек Чисора во 12 рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО