Уријах Фабер се сретна со Златан Ибрахимовиќ

Поранешниот предизвикувач  за титулата и член на „Куќата на славните“ на УФЦ, Уријах Фабер, го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Лос Анџелес Галакси и ФК Далас, кој заврши со победа за ЛА Галакси. Легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој ги постигна двата гола и сега има 18 гола во Чемпионшип, така што постигна повеќе од половината голови за својот тим, кои се на број 33.

Швеѓанецот ја игра втората сезона за тимот на Лос Анџелес Галакси, притоа има постигнато 40 гола на 47 натпревари. Уријах Фабер се сретна со Ибрахимовиќ, бидејќи двајцата разговараа за ММА и фудбалот. Самиот Златан е голем љубител на боречките вештини и има завидно искуство. Тој изјави дека долго време тренирал таеквондо, дури дека има и црн појас.

Еве ја средбата меѓу двете легенди:

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/411239859737129/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО