Бадр Хари верува дека Рико Верховен нема да е сериозна пречка

Бадр Хари е целосно уверен пред втората борба со шампионот во тешка категорија Рико Верховен на Глори Колишн 2 на 21 декември во Арнем на стадионот Гелредом. Хари е многу активен на социјалните медиуми и во салата и верува дека овој пат ќе си змине со победа.

Пред 3 години, Бед Бој и Верховен се бореа, но Бадр ја повреди раката и не успеа да го продолжи мечот, па така загуби со технички нокаут. Помина многу време од оваа борба, сега Мароканецот е убеден во победа и смета дека Верховен нема да биде сериозна пречка.

„Непоколеблив и спокоен. Знам каде сакам да одам и како да одам таму. Нема да има сериозна пречка за нашиот успех. Тие не се подготвени за мене“.

https://www.instagram.com/p/B1L0ijRoAMO/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО