Нејт Дијаз пушеше џоинт на отворен тренинг (ВИДЕО)

Нејт Дијаз повторно покажа колку е ексцентричен и самобендисан. За време на отворениот тренинг пред фановите и новинарите, ММА ѕвездата запали марихуана во рингот.

34-годишниот борец безгрижно извади пакет цигари од џебот, го запали, а потоа ги сподели со своите фанови.

Дијаз објасни дека пушел ЦБД, што е не-психоактивен канабис кој се пуши во медицински цели. Тој самиот доби цигара од компанијата Game Up CBD, во која е содружник неговиот брат. Во 2018 година, CBD беше отстранета од забранетиот список на Светската агенција за борба против допинг (ВАДА/WADA).

Тој дури и направи на компанијата, објаснувајќи дека ова е најдобро за секој човек и за неговото здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО