„Управување со предизвиците“ од Владимир Кличко и Штефани Билен – лекциите на шампионот

Тој е спортска икона. Тој е жива легенда во светот на боксот. Тој е олимписки и светски шампион, има бројни рекорди и има само 5 порази напроти 64 победи. Тој е Владимир Кличко. И покрај тоа што припаѓа на најпознатите светски личности, како бизнисмен успева да управува со меѓународна мрежа на компании.

Во својата прва официјална автобиографија, легендарниот боксер споделува со читателите неколку едноставни чекори кои ќе ги оддведат до успех.

„Управување со предизвиците“ е практично упатство создадено од светскиот шампион со коавторство на новинарот Стефани Билен. Во својот прв дел нуди привлечна приказна за детството на спортистот поминато во спортски интернат во Советскиот Сојуз, и за некои од најклучните моменти во спортската кариера.

Во вториот дел од книгата, Кличко се фокусира на неколку едноставни правила кои можат да ги претворат предизвиците на живот во решение.

Прилог на книгата се практичните примери и статии од разни спортски менаџери, претприемачи и пријатели на авторот, вклучувајќи го и Арнолд Шварценегер.

Со заклучокот на Шварценегер и специјалната порака на Владимир Кличко скриено, во QR код на книгата, „Управување со предизвиците“ е предлог за заедничка работа, споделување на ноу-хау на еден симпатичен, искрен начин и исполнет со многу емпатија.

„Владимир честопати слушал негативни гласови околу себе – луѓе кои не му верувале. Но, тој беше доволно паметен за да не ги слуша овие песимисти, луѓето што велат НЕ. Секогаш знаел за каква визија има. И во иднина ќе биде така“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО