Чаел Сонен: Тешко е да се проучи Федор, затоа што рекордот во Јапонија му е лажен

Чаел Сонен продолжува со нападите врз неговиот противник Федор Емелијаненко. Тие ќе се борат во полуфиналето на турнирот во тешка категорија на Белатор.

„Не сакаш да зборуваш за мене, Федор, но јас ќе зборувам за тебе и ќе ти кажам дека не ги прифаќам твоите победи во Јапонија. Судиите беа смешни, немаше комисија, немаше ваги.

Секој што ќе дојде од Јапонија бележи порази во Америка, бидејќи таму сè е надувано, а кај нас е реално. Заработи доста пари од овие лажни борби и тоа ме збеснува, бидејќи како фан ги купив овие битки, но подоцна сфатив дека сè е како во кечерското борење.

Федор најверојатно ќе биде навреден од ова, но веќе им реков на Кро Кап и на Вондерлеј Силав. Двајцата противници седнуваат во една соба и се договараат како ќе заврши средбата или друга опција – од „Јакузите“ доаѓаат и му кажуваат на неговиот противник кога треба да загуби. И кога паѓа противникот, борците како Федор, Кро Кап и Вондерлеј си мислат дека победиле. Тие можеби не го знаат тоа, но веруваат дека можат да поразат 20 борци по ред. Не одрекувам дека е добар и има вештини, брзина и сила, но е тешко да го проучиш, бидејќи борбите во Јапонија се лажни и неговиот противник знае кога да загуби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО