Нуров прв стартува од нашите репрезентативци на Европското првенство во Русија

Магомедгаџи Нуров (-97 кг) утре првнастапува од нашите репрезентативци на Европското првенствово борење слободен стил во Касписк- Русија.

Според жребувањето, Нуров директно се пласира во четвртфиналетокадешто ќе го чека победникотод мечот Аликсандар Хуштин од Белорусија и Генади Чудинович од Германија..
Ако извојува победа Нуров полуфиналето евентуален противник му е Нурмагомед Гаџиев од Азербејџа кој се бори со Георги Кетоев од Ерменија. Инаку Азербејџанецот  важи за еден од најталентираните млади борачи.

Борбите почнуваат во 11 часот.

Во составот на нашата репрезентација се и Елмедин Сејфулаху (-61 кг)и Бобан Савев (92 кг).

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО