На Рио Фердинанд му го одбија барањето за издавање на боксерска лиценца

Рио Фердинанд, на негова голема жалост, нема да може да стане професионален боксер.

Надлежниот орган за британскиот бокс Бритиш боксин борд оф контрол го одби барањето на поранешната фудбалска ѕвезда за издавање на лиценца и нема повторно да расправа за неговото барање.

„Со тешко срце да ги закачам ракавиците на клин. Тешко е да се прифати фактот дека нема да добијам шанса да ги покажам своите вештини пред БББК преку стандардна проценка како и сите останати“, напиша 39-годишниот Англичанец на Фејсбук.

Фердинанд тренираше со поранешниот ВБЦ шампион во суперсредна категорија Ричи Вудхол и имаше намера да освои „појасот’ во склоп на „Бранител на предизвикувач“ предизвици кои ги организира обложувачницата Бетфер.

„Боксот физички е исклучително захтевен, тежок и опасен спорт. Јас секогаш му искажував најголема почит и никогаш не сум го потценувал колку може да биде тежок“.

„Битно е на се да приоѓаш со успех во умот и да дадеш се од себе, но понекогаш работите едноставно се свртени против вас“.

Рио Фердинанд најголемиот дел од кариерата го помина во Манчестер Јунајтед. За Англија играше 81 пат. Се пензионира во 2015 година.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО