Управителот на Мејведер промоушнс: Не сум видел друг како Мек Грегор

Шампионот на УФЦ во лесната категорија Конор Мек Грегор не е како ниту еден друг противник кој го имал Флојд Мејведер.

Следниот месец Мејведер ќе се врати по 50-ти пат во рингот за да се соочи со Мек Грегор, кој, пак, ќе го направи своето деби во боксот.

Минатата недела тие учествуваа во големата медиумска турнеа на која го рекламираа нивниот меч. Управителот на Мејведер промоушнс, Леонард Елербе, беше со нив и ги пренесува искуствата.

„Не сум видел друг да го прави тоа, а тој е многу добар во тоа. Не би го нарекол „треш ток“- валкано зборување. Едноставно си е таков. Тој е со голема уста и уште поголемо самопочитување.

Ми се допаѓа она што го прави тој. Може да зборува, но потоа да видиме како го прави тоа и во кафезот. Сите паѓаат пред него. Сите паѓаат, а се борел против топ борци“.

https://youtu.be/4YrFr-Z48hk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО