Џошуа: Кличко не победи зашто нема уличен менталитет

За време на емисијата на Скај спорт „АЏ/AJ – Историјата во настанување“ Ентони Џошуа изјави дека уличниот менталитет го извлече во борбата со Владимир Кличко.

ИБФ, ИБО и ВБА шампионот во тешка категорија имаше проблеми со законот во 2009 и 2011 година, но направи пресврт во својот живот и стана олимписки шампион и професионален шампион на светот.

Џошуа го соборуваше Кличко во петата рунда, но Украинецот се врати и во следната го испрати Англичанецот на подот. АЏ борбата ја заврши со прекин во 11 рунда пред 90.000 гледачи на стадионот Вембли.

Вели дека проблемтичното растење имало големо влијание во таква тешка борба.

„Тој е многу интелигентен, има докторат, но тој го нема она во себе како мене, да направи се што е потребно (метеж). Штом беше прекината борбата, се насмеав. Си реков: Не може да гребеш повеќе од мене (Out hustle me – изворно)“.

Му оддаде почит на Кличко за ударот во шестата рунда кој го испрати на подот, но вели дека не бил доволно силен и за да го задржи таму.

„Тоа беше тежок удар, но не доволно тежок за да ме задржи долу. Ме испрати на подот, но не ме остави на подот. Ударите ќе ги осетам ги примам кога сум мрзелив во рингот. Неговиот ниту го видов дека доаѓа. Убав удар“.

Уште се чека одговорот на Кличко во врска со реваншот, а промоторот на Џошуа, Еди Херн, отпатува во Лас Вегас за да разговара за одржување на други битки во тој град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО